Државна помош од 1,4 мил. денари за кластерското здружување

Bez autora
Sep 29 2011

Кластерите за информатичка технологија, за вино и за текстил добија вкупно 750.000 денари грант од државата како дел од Програмата за поддршка и развој на кластерското здружување. Владата за да го помогне ваквото здружување годинава обезбеди 1,4 милиони денари, а кластерите аплицираа со проекти кои се насочени кон подобрување на квалитетот, воведување на нови производи и освојување на нови пазари. Трите кластери вчера со министерот за економија, Ваљон Сараќини, потпишаа договори за користење на грантот. До крајот на годинава остануваат уште речиси исто толку средства за коишто ќе можат да аплицираат останатите кластерски здруженија коишто во земјава ги има 15 - вели Сараќини и додава дека на останатите 12 кластери им останува до крајот на годинава да ја искористат можноста за добивање на грант од преостанатите 650.000 денари.

Државна помош од 1,4 мил. денари за кластерското здружувањеКластерите за информатичка технологија, за вино и за текстил добија вкупно 750.000 денари грант од државата како дел од Програмата за поддршка и развој на кластерското здружување.

Владата за да го помогне ваквото здружување годинава обезбеди 1,4 милиони денари, а кластерите аплицираа со проекти кои се насочени кон подобрување на квалитетот, воведување на нови производи и освојување на нови пазари. Трите кластери вчера со министерот за економија, Ваљон Сараќини, потпишаа договори за користење на грантот.

- До крајот на годинава остануваат уште речиси исто толку средства за коишто ќе можат да аплицираат останатите кластерски здруженија коишто во земјава ги има 15 - вели Сараќини и додава дека на останатите 12 кластери им останува до крајот на годинава да ја искористат можноста за добивање на грант од преостанатите 650.000 денари.

Тој појасни дека Владата во својата програма од 2011 до 2015 година планира да ги поддржи активностите на проектите на кластерските здруженија, а за оваа намена ќе бидат издвоени од Буџетот по 500.000 евра годишно.

Дивна Јордановска, претставник на Класерот за вино, но и извшен директор за вино во Фондацијата Тиквешки вински пат" кажа дека добиле 236.000 денари за релизација на проект за кој аплицирале во март годинава. Проектот има за цел проширување на членството и подигање на свеста за кластерското здружување.

Кластерот за текстил по втор пат добива поддршка од Министерството за економија. Наташа Сивевска, која е и извршен директор на трговско-текстилната асоцијација нагласи дека постојат од 2003 година и бројат 70 членки.

- Се стремиме да обезбедиме услови фирмите кои најчесто работат по принципот на лон производство да поминат во производ со повисока додадена вредност - вели Сивевска, која состојбата во текстилната индустрија во Македонија оваа година ја оцени како поповолна од лани.

Игор Бимбиловски од информатичкиот кластер, претседател на МАСИТ, кажа дека грантот ќе го искористат за натамошен развој на ИКТ индустријата, а особено во делот на заедничкиот настап на странските пазари со нови иновативни и конкурентни продукти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik